Арапска Република Египет, позната како Египет е република лоцирана во североисточна Африка.
Покривајќи површина од околу 1.020.000 km² Египет го вклучува Синајскиот Полуостров (кој обично се смета за дел на југозападна Азија), додека поголемиот дел од земјата се наоѓа во Северна Африка. Египет се граничи со Либија на запад, Судан на југ, Израел на североисток. На север излегува на Средоземно Море, а на југ на Црвено Море. Мнозинството во Египет ги населува бреговите на реката Нил (околу 40.000 km²). Големи делови од земјата се дел од пустината Сахара и се многу ретко населени. Главен град на Египет е Каиро. Има околу 75.000.000 жители.
Праисторија
Древниот Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна Африка, по долниот тек на реката Нил. Се смета дека во Египет имало населување на човекот дури пред 250.000 години. Во текот на 4000 година п.н.е. од многу мали територијални единици –номи, биле создадени две големи империи - Горен и Долен Египет со главни градови Ераконопол и Буто. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на Горен Египет - Менес. Во времето на неговото владеење (3100 п.н.е.), главен град станал Мемфис, кој се наоѓал во јужниот дел на реката Нил. Првите споменици, кои се напишани со египетски хиероглифи се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото илјадалетие п.н.е.
Стар Египет
Во периодот помеѓу XXVIII - XXIII век п. н. е. се формирала т.н. древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на фараонот кој имал неограничена власт низ целата држава. Фараонот бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за бог. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на пирамидите за кои се смета дека всушност биле гробници на фараоните како Џосер, Снофер, Кеопс (Хуфу), Кефрен (Хафра) и Микерин (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето Амон Ра, а фараоните се нарекувале дека се негови синови.
Во текот на XXIII-XXI век древниот Египет се распаднал на множество номови (деловни единици). Новото државно обединување на древниот Египет започнало со нараснувањето на силите на номарсите на Хераклеопол (во Среден Египет). Тиванскиот фараон Ментухотеп I станал владетел на обединетиот Египет. Во текот на XXI-XVIII век за покровител на фараоните бил објавен богот Амон. Аменемхет I ја преместил престолнината од Тива во Итауи и по само неколку години повторно се распаднал обединетиот Египет. Во текот на XVIII-XVI век Древниот Египет бил заземен од страна на азиските Хиксоси, кои со презимањето на власта на Долен Египет си создале свој град со име Аварис и кој всушност станал и главен град во источниот дел на делтата на реката Нил. Ослободувањето на земјата му успева на Јахмос I. Во време на владеењето на Аменхотеп III, древниот Египет го достигнал своето величество. Од провинциите во Азија, древниот Египет добивал како даноци мед, олово, сребро, животни, вино, слонова коска и слично. Од државата Пунт пак, каде царицата Хатшепсут испраќала експедиција, во древниот Египет пристига исто така голема „помош“. Овде бил воздигнат и новиот сончев бог Атон, каде поради негова чест била основана нова престолнина - Ахетатон. По смртта на Ехнатон, престолнината била вратена во Тива во 1335 година п.н.е.
Кон 1290 г. п.н.е., фараонот Рамзес II повторно ја зајакнал моќта на Египет. Водел големи борби со Хетите и нивните сириски сојузници. Главен град во времето на владеење на овој фараон станува Пер-Рамзес. Во 945 година п.н.е либискиот военоначалник Шешонк I се прогласил за фараон, а за своја престолнина го избрал градот Бубастис во делтата на Нил. Тој го презел Ерусалим и го ограбил. Во 671 г. п.н.е. асирската војска на Асархаддон го презема и го ограбува Мемфис.
Во 667 г. и 663 г. п. н. е. Асирците ја преземаат Тива. Псаметих I успева повторно да го обедини Египет. Во времето на Нехо II, син на Псаметих I, бил направен канал, кој го поврзувалНил со Црвеното Море.
Модерна историја
На почетокот на Втората светска војна, Египет повторно станал протекторат на Велика Британија. Во 1952 година бил извршен воен удар,[5] и на чело на земјата дошол Гамал Абдел Насер, a за нов крал бил избран Фуад II. Во 1953 година Египет бил прогласен за република.
Географијa
Географската положба на Египет е многу поволна. Синајскиот Полуостров претставува копнен мост кој го поврзува Египет со Азија. Средоземното Море е поврзано со Европа, аСуецкиот канал претставува трговска целина помеѓу двата континента.
На север од земјата се наоѓа Средоземното Море, на исток Газа, Израел и Црвеното Море; на југ Судан и на запад Либија. Максималната должина север-југ изнесува 1.105 км а максималната ширина 1.129 км. Површината на Египет изнесува 997.739 км².
Географски координати: 27° 00' с.ш., 30° 00' и.д.
Површина:
вкупно: 1.001.450 км²
земја: 995.450 км²
вода: 6.000 км²
Површина — за споредување: Малку повеќе од плоштината на Њу Мексико (САД)
Граници по копно:
вкупно: 2.689 км
гранични држави: Газа 11 км, Израел 255 км, Либија 1.150 км, Судан 1.273 км
Брежна линија: 2 450 км
Морски периметар:
- гранична зона: 24 км
- гребен: 200 м во длабочина
- исклучива стопанска зона: 200 нм
- територијални води: 12 нм
No comments:
Post a Comment